| контакт | маркетинг
КОШАРКА

17.07.2017

„Лавовите“ продолжуваат без Пенов

Игор Пенов нема да биде дел од македонскиот национален тим на претстојниот турнир „Трофеј Македонија“, кој почнува в четврток, a веројатно ниту за претквалификациите за Светското првенство 2019.

Крилото на Карпош соколи не влезе во игра на пријателскиот натпревар со Бугарија и, откако се пожалил на повреда за која треба да паузаира една недела, побарал да ја напушти репрезентацијата.
Селекторот Јорданчо Давитков објасни дека искусниот кошаркар, кој летово првпат се најде во репрезентацијата, не играл со Бугарија затоа што има повеќемина кандидати на крилната позиција и додаде дека уште од стартот тој бил планиран како „играч за специјални задачи“.
На „Трофеј Македонија“ можеби ќе биде поштеден и Џордан Теодор, кој се повреди со Бугарија и нема да тренира денеска.



Датум: 17.07.2017, 18:00
Статијата е прочитана 1064 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense