| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.05.2017

Ќато ги носи со себе Муслиу и Селмани во Шкендија!?


Младите репрезентативци летово би можеле од Ренова да се преселат меѓу „црвено - црните“


Што може Османи да понесе со себе од Ренова во Шкендија. Пред се тука мислиме на играчите. Има во Ренова голем број фудбалери кои некогаш играле кај него во Шкендија, како Усеини, Абдула па Нафиу. Но ако веќе Османи се реши некого да го однесе во новата средина тогаш тоа секако дека во преден план се стоперот Висар Муслиу и офанзивецот Ремзифаик Селмани. И двајцата младински репрезентативци на Македонија и двајцата огромни таленти на мак - фудбалот, секако дека челниците на Шкендија ќе немаат ништо против да ги ангажираат во своите редови. Но за тоа малку подоцна, нека заврши првенството и нека почне преодниот рок.
Од друга страна јасно е дека неколкумина од овој состав на Шкендија, барем 3-4 ќе мора да си одат. Османи ќе мора да направи мала чистка, особено кај дел од тие што дојдоа во зимскиот преоден рок на барање на Томас Брдариќ. Не треба да се кажуваат имињата, но оној што ја следи Шкендија знае на кого се мисли.



Датум: 11.05.2017, 12:01
Статијата е прочитана 4975 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense