| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.02.2017

Тричко „растура“ на Кипар

Нашиот интернационалец двоен стрелец против Ермис

Иван Тричковски предмалку со својот АЕЛ Лимасол извојува одлична победа на гостувањето кај Ермис. Главен „виновник“ за ова беше токму нашиот интернационалец, кој постигна два гола и сега со вкупно 14 погодоци е трет стрелец во кипарскиот шампионат. Тричковски погоди уште во првата минута за водство од 0:1, а потоа го удвои водството од пенал во 32. минута. Гостите зголемија во вториот дел и на 0:3, за потоа домашните речиси и да го анулираат водството на АЕЛ откако намалија на 2:3.



Датум: 26.02.2017, 17:12
Статијата е прочитана 1159 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense