| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.07.2017

Ренова со тест триумф над Струга

„Гипсарите“ подобри од второлигашот во попладневната пресметка во Охрид

Екипата на Ренова со конечни 3:1 предмалку го совлада второлигашот Струга Трим Лум во пријателскиот меч кој попладнево се одигра на стадионот Билјанини Извори во Охрид. Ренова обезбеди триумф преку головите на Гафури, Садики и младиот Додовски, додека пак стружани намалија на 2:1, преку голот на искусниот Ардит Шаќири. „Гипсарите“ доминираа на мечот под водство на новиот тренер Влатко Костов, и поведоа со 2:0, пред Шаќири да го намали резултатот, а Ренова во деведесеттата минута ги постигна конечните 3:1.

 

 

 



Датум: 16.07.2017, 19:19
Статијата е прочитана 3270 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense