| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.07.2017


Сега, па кој знае кога!

Вардар вечерва, против Малме, оди на пласман во 3.квалификациско коло во ЛШ:„Свесни сме дека имаме историска шанса, меѓутоа треба да останеме мирни и да влеземе максимално ангажирано на вечерашниот меч“, вели Бобан Николов


Вечерва, во Струмица, ќе биде вистински празник на фудбалот. Вечерва „ѕвездите“ ќе настапат на југот од Македонија, а „ѕвездите“ ќе светнат посилно доколку Вардар успее да се пласира во следното коло од Лигата на шампионите.
Нашиот првак ја има историската шанса. Сега, па кој знае кога пак ќе има ваква шанса да мине едно коло од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се вратија од Шведска со 1:1 и со голем оптимизам дека ќе може да се елиминира противникот, кој влезе на овој двомеч како фаворит.
Како што одминуваа годините, Вардар беше сѐ подобар и подобар во елитата, но никако не успеваше да мине барем една фаза. Сега е шансата, сега е големата прилика тој, конечно, да стави крај на сите дилеми и да го сруши тоа проклетство. Има активен и добар резултат од првиот меч, игра на домашен терен, иако мал хендикеп претставува тоа што мечот се игра на неутрален терен.

Многу работи се во наши раце

Вардарци се свесни дека многу работи за тоа дали ќе поминат вечерва зависат само од нив и од никој друг. Го имаат Малме, што се вели, на тацна, го имаат поминувањето понатаму во свои раце, сега треба само да ја завршат работата како домаќини.
„Да, многу работи се во наши раце. Сигурен сум дека ќе дадеме сѐ од себе, ќе одиграме еден добар натпревар и дека на крајот ќе се радуваме. Иако работите се на наша страна, воопшто нема да биде лесно. Не треба уште отсега да мислиме дека сме ги поминале, туку на теренот вечерва да го дадеме максимумот и да се избориме за третото коло. Сега е вистинската шанса по оние 1:1 од Малме“, вели Бобан Николов, стрелецот на единствениот погодок од натпреварот во Шведска.

* Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“

 

 

 



Датум: 18.07.2017, 10:41
Статијата е прочитана 1820 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense