| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.07.2017

Шкендија сонува двомеч со Милан!

Тетовци, ако се биде како што треба, имаат шанса, имаат и потајна желба, на 27 јули и на 3 август да ги одмерат силите со гигантот од Милано. Секако дека тоа ќе биде црвено-црн дуел за паметење од аспект на Шкендија

По она блескаво попладне во четвртокот, кога Шкендија ја размонтира Дачија на првиот меч од првото квалификациско коло во Лигата на Европа со 3:0, како да пораснаа апетитите на сите во таборот на тетовскиот клуб. Се разбира дека прво Шкендија треба и официјално да го мине тимот од Молдавија, а потоа да ја мине и втората пречка, Конах или Хелсинки, но, потајно, посакува дуел со големиот Милан, во рамките на третото квалифакациско коло.
А таму, покрај победниците од втората рунда, Шкендија може да добие за ривал навистина голем клуб, гигант од европски рамки.
Покрај Милан, можни ривали на Шкендија би биле и Зенит, Атлетик Билбао, Фенербахче, Спарта Прага, Евертон, ПСВ Ајндховен и др. Сите овие клубови се слободни до тоа трето коло и се сигурни патници за таа трета квалификациска рунда.

Црвено - црн спектакл во Струмица
Милан е желбата, Милан е посакуваниот тим за ривал на Шкендија во тоа трето коло и, се разбира, со причина. Ако се оствари, тогаш во Струмица, на 27 јули или 3 август, за кога се закажани дуелите од ова квалификациско коло, ќе има спектакл за наши услови. Тоа ќе биде црвено-црн дуел за паметење од аспект на Шкендија. Но рековме веќе, за тие притаени желби да им се остварат на тетовци, ќе треба да минат многу време и напор. Рековме веќе, Шкендија прво треба да не направи глупост во Кишињев в четврток, а во следната рунда да победи против Конах или Хелсинки, екипи кои би требало да се минат и екипи кои може да се минат ако таа одигра на она ниво како што одигра на првиот дуел со Дачија. 



Датум: 03.07.2017, 19:32
Статијата е прочитана 11700 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense