| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.05.2017

Пелистер и Шкендија со суперлативи пред финалето

Двете екипи зборуваат говорат со голем почит кон својот утрешен опонент

Јубилејното 25. Финале на македонскиот национален куп, предмалку го имаше својот старт со официјалната прес конференција која се одржа на стадионот „Младост“ во Струмица, каде што ќе биде одржано и самото финале. На истото присустуваа тренерите на Пелистер односно Шкендија, Наџи Шенсои односно Ерхан Селими како и капитените Аријан Цуцули и Горан Пашовски.

„Поздрав и до  колегите од Шкендија. Знаете дека ова ми е седма држава во која имам работено. Во мојата кариера имам одработено две финалиња во Бугарија со Пирин против Литекс и во Албанија со тимот на Билиш Балш, ова ми е трето финале. Се надевам дека овој пат ќе освоиме титула. Иако играме против екипа каква што е Шкендија која е бранител на титулата. Фер плеј – повикувам на фер плеј. Во прекрасен фудбалски амбиент да помине утрешниот меч и кој заслужил да го осови купот, тој нека го подигне пехарот“ изјави тренерот на Пелистер Наџи Шенсои, а потоа свое видување да де и капитенот на Пелистер, Горан Пашовски.

„И јас би се навратил малку наназад. Сите знаеме каде беше Пелистер минатата сезона но со новото раководство гледате до каде сигнавме, до финале во купот и ’газиме’ добро и во првенството. Оваа сеозна за нас е успешна, а доколку го освоиме купот ќе биде уште поуспешпна.
Овој меч Пелистер, Чкембари и битолчани го чекаат 16 години и по толку години се надевам, дека јас и Гоце Тодоровски повторно ќе го подигнеме пехарот како што тоа го стори Митко Стојковски пред 16 години“ – рече популарниот Паша.

СЕЛИМИ: ЦЕЛ ЖИВОТ СМЕ ПРИЈАТЕЛИ СО ПАШОВСКИ, НО, СЕГА СМЕ ПРОТИВНИЦИ

Тренерот на Шкендија пак вели дека неговиот тим е фаовирт на хартија но тој податок не значи ништо.

„Заедно игравме со Пашовски, и секогаш ќе бидеме заедно, но сега сме противници.
Посакувам да бидеме победници, но тоа нема да биде лесно. Напротив, можеби сме фаворити на хартија но победата нема да дојде туку така, ќе мора многу добро да се испотиме. Апелирам да биде фер и коректен меч, да се мине во најдобар ред, па кој е подобар нека победи. Ние ќе пружиме рака и ќе честитаме трофеј доколку загубиме, а доколку победиме тоа ќе биде заслужено„ – изјави Селими, а на крајот се обрати и капитенот на Шкендија, Ардиан Цуцули.

„Нормално дека купот на Македонија е најдоброто нешто. Мислам дека ќе биде добар и интересен меч. Респект за Пелистер затоа што е тим кој и во шампионатот, ни создаде проблеми. Посакувам да освоиме пехар за да, што се вели не ни мине сезоната без освоена титула. Ги повикувам навивачите да дојдат и да го следат овој натпревар, затоа што мислам дека ќе биде вистинска фудбалска фешта„ – рече Цуцули.



Датум: 16.05.2017, 15:07
Статијата е прочитана 3765 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense