| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.10.2017

СРЕЌЕН СУМ ВО ГЕЗТЕПЕ, ЕЛИФ Е СУПЕР ТАЛЕНТ

*Првиот „бомбардер“ во лигата е фудбалерот за кого зборуваат сите во Турција. На 9 меча постигна 11 голови, а неговиот Гезтепе е хит во шампионатот. Новинарите секојдневно тропаат на негова врата, а тој ја отвори за Редакцијата на весникот „Фанатик“

Адис Јаховиќ лани му помогна на Гезтепе, по 14 години, да се врати во елитата. Беше добар нашиот голгетер пролетва, но малкумина се надеваа дека неговата експлозија ќе следува есенва, и тоа во елитата - во дуелите со големите турски екипи. Головите - вкупно 11 на 9 средби е причината поради која цела фудбалска фела во Турција зборува за 30- годишниот фудбалер од Македонија. Успеси, голови, но и договор со Гезтепе, кој истекува на крајот од годинава. Сега некако сите го посакуваат Јаховиќ. Има вести кои го поврзуваат со Трабзон, Галатасарај, а најновите беа Бешикташ и ЦСКА Москва.
„Бев во Македонија кога излезе веста за понуди од ЦСКА и од Бешикташ. На секој фудбалер му е добро кога се пишува за него. Така и јас се интересирам за пишувањата во медиумите, но јас сум фудбалер на Гезтепе. Јас сум среќен тука и може да се случи да останам тука и подолго“, им напоменува Адис Јаховиќ на новинарите од весникот „Фанатик“, кои деновиве беа во негова посета.
Турските колеги се воодушевени од „бомбардерот“ и од неговата фамилија. Напоменуваат дека сега им е јасно од каде Јаховиќ ја црпи енергијата за сите оние големи дуели и голови што ги има зад себе во оваа сезона. Адис им открива на новинарите дека ужива кога го гледа Кристијано Роналдо, но, сепак, за него, Златан Ибрахимовиќ е најдобриот фудбалер на денешницата. Јаховиќ - Ибрахимовиќ, од каде ви е познато сето тоа... :)

„НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ ШАМПИОНИ“
Бајката  на Гезтепе сѐ уште трае. По девет недели, тимот е во горниот дел од табелата, а Јаховиќ - најдобар стрелец во лигата. Сите се во сенка на голгетерот од Македонија и на тимот од Измир.
„Ние не ветуваме титула, излез во Европа... Нашата бајка трае од недела во недела и ние, заедно со навивачите, уживаме во секоја победа, во секој гол... Тоа е формулата која нѐ одржува во ваквиот победнички ритам. Позитивната атмосфера нѐ води од натпревар на натпревар. Тоа ќе трае и понатаму. Јас верувам во нови победи и нови голови“, истакнува Адис Јаховиќ.

СЕ ВИДОВ СО ЕЛИФ ВО МАКЕДОНИЈА
„Престојот во репрезентацијата беше шанса да се видам со Елиф Елмас. Тоа беше прва моја средба со него откако дојде во Фенербахче. Елиф е голем, супер талент и многу паметно момче. Верувам дека славата и парите нема да променат ништо кај него. Тој ќе биде голем фудаблер. Во вистинско време направи трансфер во голем клуб каков што е Фенербахче“, им откри на турските медиуми Јаховиќ за Елиф Елмас.


 



Датум: 28.10.2017, 10:37
Статијата е прочитана 3631 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense