| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.12.2017

Само општината не се откажа од Пелистер

Раководните структури на општина Битола, бараат чиста сметка во ФК Пелистер, од финансиска смисла, и не се откажуваат од клубот, како што тоа многумина го сторија досега

Општина Битола е единствениот субјект кој во моментов не е откажан што се вели од ФК Пелистер. На официјалната прес конференција на општината минатата недела јавно беше објавено дека овој субјект и идната година активно ќе учевствува во финансирањето на клубот, и покрај фактот што пакетот акции сеуште не е во нејзина сопственот. Сепак, општината чувствува должност во овие тешки моменти за клубот да ги исплати неопходните средства, оние кои и се нејзина обврска и со тоа што се вели да ја исполни својата должност.
Сепак, самата општина не може да се грижи за клубот кој во моментов има сериозни побарувања од финансиска смисла односно има долгови. Дел од нив се и по судски пат, и не се воопшто мали, а целиот долг на ФК Пелистер е над 200 илјади евра. Тоа за македонски фудбалски услови е нешто што е тешко да се покрие.
Она што е пак уште побитно да се напомене, е што всушност дел од долгот во моментов не се знае ниту кој треба да го подмири. Се спомнуваат поранешните спонзори, се оди дури и до периодот кога во клубот главен финансиер беше „Цермат“, а битолчани велат дека луѓето од оваа копанија во клубот не се појавиле речиси две години. Тоа значи дека ситуацијата е доста нејасна и што е уште побитно нема ниту кој да ја објасни.

Се бара чиста сметка

Она што во моментов општина Битола го бара е чиста сметка со подмирени долгови, па ако мнозинските акционери немаат намера повеќе да го финансираат клубот, нека ги вратат акциите на општината, па таа ќе одлучи што и како понатаму.

Повеќе општински пари, но на рати

И во овој случај, кога општината ќе се нафати колку толку да го финансира клубот и да помогне, тоа нема да оди така лесно. Општинта префрлува пари периодично, односно на рати, и тоа се финансиски средства кои бргу се трошат, затоа што реално клуб, од прва лига, кој патем се бори за гол прволиггашки живот, мора сериозно да се зафати и со засилувања и со подготовки, и со се останато што на еден тим му треба. Така впрочем беше и минатата година кога парите кои беа обврска на општина Битола беа префрлувани но периодично, а не што се вели се одеднаш.Мора да се напомене дека и самиот финансиски пакет од општината, за разлика од минатата година е далеку поголем овојпат, затоа што за 2017 година, ФК Пелистер доби нешто повеќе од 100 илјади евра државни пари. Годинава тоа ќе биде нешто поголема сума, а за што истата ќе биде доволна ќе видиме во месец јуни.

Битолските фудбалери ќе помогнат, но...

Конечно се додека трае овој административен лавиринт, од кој Пелистер тешко ќе може да се извлече, ќе мора клубот да се нафати и да направи каков таков тим за да се доигра оваа тековна сезона. Битолските фудбалери и оние кои беа дел од Пелистер изминатиот период, и оние кои би можеле да дојдат се желни да помогнат но некој нив треба сериозно да им ја објасни ситуацијата, и да им каже со што ќе се соочат следнито еприод доколку бидат дел од клубот. Во Битола во моментов, покрај финансиите ова е вториот најголем проблем. Кој треба да одлучи и да пресече по некои прашања во клубот. Тука пред се се мисли и на тренер, екипа, а потоа и подготовки кои треба да почнат наскоро.

 



Датум: 25.12.2017, 15:04
Статијата е прочитана 2797 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense