| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.01.2017

Нема Јагелонија за Дамчевски

Стоперот не потпиша за клубот од Полска, и не отпатува на подготовките за Анталија

Некогашниот македонски репрезентативец Александар Дамчевски оваа зима ќе си бара нов клуб, откако е јасно дека нема да потпише за полскиот клуб Јагелонија. Тој беше неколку дена на проба, а пријателската средба која што требаше да биде клучна за неговиот престој во Полска, беше одложена поради лошото време. Меѓутоа раководството на Јагелонија се одлучи да не потпише договор со робусниот фудбалер.

Дамчевски во изјава за нашиот весник рече дека Јагелонија е добра опција за него да покаже што може, меѓутоа ќе мора да бара нова средина. Тој до сега настапуваше за Атирау во Казахстан.



Датум: 15.01.2017, 10:30
Статијата е прочитана 1907 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense