| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.04.2017

Вуковиќ: Едвај го чекам мојот деби гол

„Секако дека секој напаѓач посакува тресење на противничките мрежи, не кријам дека и јас посакувам што побргу да се случи тоа. Ме радуваат и асистенциите“, вели интернационалецот од Црна Гора

Иван Вуковиќ во зимскиот преоден рок дојде како големо, звучно засилување во редовите на Работнички. Но, веднаш беше истакнато и од него, но и од неговиот тренер Виктор Треневски дека на Вуковиќ ќе му треба време да се прилагоди во клубот, во тимот, особено ако се знае дека тој немаше ни ден подготовки заедно со другите.
Така и беше, потребно беше време за Вуковиќ да покаже барем мал дел од она што го знае на фудбалски план. А тоа малку, или малку повеќе го покажа на саботниот дуел со Брегалница кога навистина одигра добро. Сепак, и тој е свесен од него сите во Градски парк очекуваат голови. Дали Вуковиќ се „чува“ за настапите во Европа.
„Секако дека секој напаѓач посакува тресење на противничките мрежи. И јас едвај го чекам мојот деби гол и посакувам што побргу да се случи тоа. Од друга страна, ме радуваат асистенциите, како што беше со Брегалница. Сепак, за мене најважно е што Работнички победува“, вели Вуковиќ.

СО ТРЕНЕВСКИ СÈ Е ПОЛЕСНО...
За тоа како го оценува настапот на неговиот тим во оваа пролет искусниот напаѓач не го криеше своето задоволство.
„Да, Работнички има добри резултати, добро игра и ако не беше оној несреќен пораз од Вардар сè ќе беше идеално. Но, и вака е добро, блиску сме да го осигураме и дефинитивно тоа трето место и  полека, но сигурно да се подготвуваме за настапот во Европа, што мене ме прави неизмерно среќен. Лично јас сум задоволен од тоа што сум во Работнички. Сериозен клуб во кој секој си ја знае работата, почнувајќи од претседателот па до нас, играчите. За тренерот Виктор Треневски не треба да се трошат зборови, со него сè е полесно. Тој е еден од најзаслужните ако не и најзаслужен што добро ни оди пролетва“.

* Поопширно во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 19.04.2017, 10:15
Статијата е прочитана 817 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense