| контакт | маркетинг

24.05.2017

Експресен „аут“ за Лина на Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка во првото квалификациско коло на земјениот гренд слем турнир во Париз доживеа рана елиминација од Кверин

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа е елиминирана во првото квалификациско коло на Ролан Гарос. Тетовчанката во првиот свој меч во Париз изгуби од Холанѓанката Лемуан Кверин со 2:1 во сетови, 6:3, 3:6, 3:6 во гејмови. Иако Лина тргна убаво и поведе со 1:0, сепак, во продолжението имаше голем проблем со својот сервис, со кого не успеваше да ги одбрани „украдените“ гејмови. Тоа знаеше да го искористи Кверин која најпрвин израмни, а потоа беше подобра и во третиот сет. Така со заслужени 2:1 во сетови обезбеди пласман во наредното коло.
Во третиот свој настап од квалификациите на РГ, Македонката по втор пат доживува експресна елиминација во првото квалификациско коло. Претходно тоа се случи на УС Опен, додека најдобро до сега одигра во Мелбург, каде што на Австралискиот Опен дотурка до третото коло во квалификациите.



Датум: 24.05.2017, 13:48
Статијата е прочитана 1044 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense