| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.09.2017

Османи: Стравувам од лошиот терен на Автокоманда

*„Го цениме Скопје но искрено од никого не се плашиме, ме загрижува само лошиот терен на Автокоманда“ вели стратегот на Шкендија пред денешното гостување кај „пиратите“

На стадионот во Автокоманда доаѓа Шкендија, екипа која оваа есен игра навистина одлично. Во просек, постигнува по 3.50 голови на секој меч. Да споменеме дека на последните два меча со Работнички и со Силекс, момците на стратегот Ќатип Османи постигнаа дури 11 погодоци.
Се разбира дека Шкендија е голем фаворит и сѐ освен сигурна победа ќе биде еднакво на сензација. Но Скопје покажа дека е тврд орев за сите во нашата Прва лига. Тоа го знае и тренерот на тетовци, Ќатип Османи.
„Да, секој противник треба да се почитува. Скопје е тим кој против секого може да изненади, но, од друга страна, искрено ние не стравуваме од никого, цениме, но не се плашиме. Јас стравувам само од лошиот терен во Автокоманда, каде што ќе се игра овој натпревар“, изјави Ќатип Османи, стратегот на Шкендија.



Датум: 24.09.2017, 11:21
Статијата е прочитана 506 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense