| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.01.2018

Пелистер од 27 јануари покрај Охридското езеро


„Има опција од 27 јануари до 5 февруари да престојуваме во Охрид. Би одиграле пријателски со Ренова, Струга Трим Лум и други екипи од околината на Охрид и Струга“ ни изјави спортскиот директор на „пелистерци“ Менде Степановски

Со големо доцнење но со верба дека сиот тој заостанат тренажен процес ќе се надополни, од ден во ден играчите на Пелистер заедно со тренерот Марјан Секуловски вредно тренираат и тоа по двапати на ден.
Дали битолскиот прволигаш сиот тек од подготовките ќе го одработи под „Тумбе Кафе“ или пак ќе замине некаде надвор, свое видување има спортскиот директор на клубот Менде Степановски...
„Па се уште ништо не е дефинирано, но, имаме намера. Имено има опција од 27 јануари до 5 февруари дел од подготовките да ги одработиме во Охрид. И таму би одиграле пријателски средби со Ренова, Струга Трим Лум и други екипи од околината на Охрид и Струга. Ќе има таму клубови и од страна, и со нив би можеле да одиграме. Сепак во преден план на нас како раководство овие денови е консолидирање на клубот“ изјави Степановски.



Датум: 19.01.2018, 18:36
Статијата е прочитана 857 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense