| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.05.2017

2015 – Вардар, 2016 – Вардар, 2017 – Вардар...

По пауза од 16 години утре некој наш клуб, во случајот Вардар, ќе ја прослави својата трета титула по ред. Последен пат тоа и се случи на Слога Ј во 2001 година

Вардар утре со триумф над Македонија ЃП, ќе ја прослави својата десетта титула или вкупно единаесетта, ако ја сметаме онаа една во поранешната држава. Утре на „Телеком Арената“ во Скопје нашиот најтрофеен клуб ќе се радува на својата нова шампионска ѕвездичка. Не мора ни да победи, се разбира во зависнист од резултатот на мечот меѓу Шкендија и Брегалница, за да се официјализира старо – новиот шампион.
Интересно е тоа што ова ќе биде втор хет – трик на титули на Вардар во неговата историја, првиот беше во периодот од 1993 до 1995, следуваше доминација на Силекс со титулите во 1996, 1997 и 1998 година, потоа на ред дојде Слога Ј која беше најдобра во 1999, 2000 и 2001. Значи по пауза од 16 години некиј наш клуб ќе се радува на трета титула освоена во серија. Да потсетиме дека Вардар беше првак и во минатите две, а оваа ќе му биде петта во последните шест години. Само Работнички во 2014 успеа да биде пред „црвено – црните“.



Датум: 06.05.2017, 15:23
Статијата е прочитана 1447 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense