| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.06.2017

Ало Београд - кој е светски првак? Ние или вие!?

Нашиот северен сосед очекуваше чист „кец“, победа со многу голови... Но, ете не знаеја кои се нашите „ѕверови“ па се спасуваа... Србите ја имаа сета среќа во Бидгошч

Треба да жалиме што не победивме, но треба да бидеме и горди на овие наши момци. Горди во буквална смисла на зборот без разлика на тоа што ние немаше шанси за пласман во 1/2 финалето. Битката со Србија е голема победа за Македонија. Игравме со тимот кој е Светски првак за фудбалери до 20 години. И затоа ова победничко реми има голема тежина. Сега би ги прашале сите оние од кај северниот сосед кои цел ден збореа „лако че мо...“. Ало Београде...!!! Кој е Светски првак!? Вашиве ѕвезди или нашиве ѕверови. Ние си знаеме...!!! А Вие..!? Јасно ли ви е дека се спасувавте, дека дадовте гол од офсајд за 1:0 и дека во 90 минута ни ја одземавте победата.
Овие 2:2 попладнево се доказ дека Македонија е заслужено на ова ЕП за фудбалери до 21 година. Доказ дека имаме квалитет, дека имаме „златни момчиња“. Но и доказ дека имаме нов дијамант - Елиф Елмас.



Датум: 20.06.2017, 20:21
Статијата е прочитана 11584 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense