| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.06.2017

Шкендија му ја зема титулата на Вардар

Тетовска Шкендија е на прагот да ја освои титулата во младинскиот шампионат. Шкендија го декласираше Вардар со 3:0 и на тој начин на само две кола до крајот има три бода предност кој многу веројатно ќе бидат пресудни.

На дербито кое се одигра денеска во Тетово помеѓу двата првопласирани тима со ист број на бодови, Шкендија го декласираше Вардар со 3:0 и на тој начин на само две кола до крајот има три бода предност кој многу веројатно ќе бидат пресудни.
Шкендија на овој меч поведе уште во 13. мунута преку Зејнулаи, за да потоа со двата погодоци на Артан Бајрами да го дотолчи противникот уште по педесетина минути игра.Сега Шкендија има 53. бода три повеќе од Вардар.

Се насмевнув Лига шампиони и во Тетово
Иако би сакале тетовци нивниот сениорски тим да е во оваа ситуација сепак, младинците ќе бидат тие кои најверојатно ќе бидат прваци и кои ќе играат на меѓународна сцена летово. Само за потсетување токму Вардар беше тој што минатото лето премиерно го претставуваше нашиот младинси фудбал во Европа

ШКЕНДИЈА - ВАРДАР 3:0
Стрелци: Зејнулаи, Бајрами 2
ШКЕНДИЈА: Ибраими, Шабани, Фазлагиќ, Бекири, Касами, Шефити, Агуши Чиљази, Бајрами, Лума, Зејнулаи
ВАРДАР: Трајчевски, Тодоровски, Ричков, Исмаил, Личина, Ричков,Додевски, Димитровски, Даци, Стојчевски, Даци



Датум: 13.05.2017, 20:27
Статијата е прочитана 7885 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense