| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.09.2017

Мрме ја закажа прозивката за 2 октомври

На 2 октомври, идниот понеделник, ќе стартуваат подготовките на нашата репрезентација за дуелите со Италија и со Лихтенштајн, последни во овој тековен квалификациски циклус за СП во Русија 2018 година.

Во понеделник, на прес-конференција, селекторот Игор Ангеловски и дефинитивно ќе ги открие картите во врска со составот, односно играчите на кои смета на овие два меча, и тоа со Италија во Торино, на 6 октомври и со Лихтеншајн во Струмица, три дена подоцна. Како што велат нашите информации, нема да има поголеми промени на тој список, освен тоа дека по пауза од две години, па и повеќе, се враќа Аријан Адеми, а откако ја санира повредата, во селекцијата се враќа и капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани-Буба. Кире Ристевски ќе биде повикан, но само за мечот со Лихтенштајн, со оглед на тоа дека поради картони, не може да игра со Италија. А на Елиф Елмас и на Никола Ѓорѓев селекторот на нашата најдобра репрезентација ќе смета, исто така, само на средбата со Лихтенштајн.



Датум: 23.09.2017, 10:24
Статијата е прочитана 1679 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense