| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.06.2017

Полјакот Захара далеку од Вардар

Иако беше во Скопје на преговори, сепак, полскиот голгетер тешко дека ќе го засили нападот на шампионот

Пред неколку дена „Македонски спорт“ во своето печатено издание објави дека полскиот голгетер Матеуш Захара доаѓа во Вардар, а потоа неколку други медиуми во државата ја пренесоа оваа информација. Меѓутоа најновата вест до која дојдовме вели дека Захара најверојатно нема да биде дел од Вардар. Двете страни се далеку од договор, и со тоа ќе пропадне можноста Полјакот да биде дел од „црвено-црните“.

Сега Вардарци ќе треба да бараат ново решение во нивниот напад. Има неколку опции, а за нив ќе Ве информираме во следните неколку дена кога ќе почнат подготовките на првакот. Првата прозивка е закажана за среда.



Датум: 11.06.2017, 14:50
Статијата е прочитана 3583 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense