| контакт | маркетинг

26.05.2017

Јотовски „слета“ до полуфинале во Добој

Најдобриот машки македонски тенисер, Томислав Јотовски продолжува со одличните партии на фјучр турнирот во Добој, Босна и Херцеговина

Тој, на натпреварувањето вредно 15 илјади американски долари се пласираше во полуфиналето и тоа со стил. Елиминирајќи го првиот носител, Црногорецот Љубомир Келебиќ со 6:2, 6:.
Во наредната фаза, најуспешниот наш рекет ќе се соочи со подобриот од мечот меѓу Италијанецот Фабрицио Орнаџо и Елмар Ејупивиќ од Германија.
Доколку успее да дојде до титулата, Јотовски на своето конто ќе додаде нови 18 АТП поени со кои значително ќе го подобри својот пласман на наредното објавување на ранкинг листата.



Датум: 26.05.2017, 12:11
Статијата е прочитана 797 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense