| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.08.2017

Шкендија на „Сан Сиро“ ја чекаат 80.000 тифози

*Тетовските „црвено - црни“ на 17 авуст ќе станат македонски рекордери. Досега ниту една наша екипа нема играно пред 80.000 гледачи во Европа. Според најавите од Италија, тоа ќе се случи на 17 август, кога на легендарниот стадион „Сан Сиро“ ќе играат Милан и нашата Шкендија

Шкендија на 17 август ќе стане македонски рекордер, и тоа во поглед на посетата на еден натпревар на кој играл наш клуб. Имено, како што велат информациите од Милано, на првиот меч во плејофот во Лигата на Европа, меѓу гигантот Милан и Шкендија, трибините на стадионот „Сан Сиро“ ќе бидат преполни, ќе има 80.000 гледачи, колку што е и сегашниот капацитет на легендарниот милански стадион. Никогаш досега една наша екипа не играла пред толкав број гледачи во историјата на мак-фудбалот.
Значи, ако по ништо друго, тогаш овој меч или двомеч меѓу светскиот гигант од Италија и нашата Шкендија ќе остане запаметен по овој податок.

Со Гент 30.000 гледачи, со Партизан 25.000

Кога сме кај Шкендија и посетеноста на трибините во нејзината историја, убаво ќе биде да се потсетиме на некои бројки. На домашната сцена, Шкендија ја имаше најголемата посета во мај 2011 година, на последниот меч од сезоната, против Металург, кога ја славеше засега единствената титула. Тогаш, во Тетово, на градскиот стадион под Шара, имаше нешто повеќе од 15.000 гледачи. Во Европа, и тоа на гости, Шкендија најмногу беше гледана на средбата од ЛШ со Партизан во Белград, во истата таа 2011 година. Тогаш, на „ЈНА“ имаше повеќе од 25.000 гледачи. Како домаќин, најголемата посета на Шкендија е забележана во август минатата година, кога на реваншот од плејофот во ЛЕ против Гент, на „Телеком арената“ во Скопје имаше околу 30.000 гледачи. Сепак, овие бројки се далеку од онаа од 80.000 гледачи колку што ќе има во Милано.

*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 



Датум: 07.08.2017, 11:53
Статијата е прочитана 4260 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense