| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.06.2017


Шкендија ќе „вози“ Дачија

Молдавскиот тим, кој што пред две години ја елиминира Ренова, е ривалот на Шкендија


Шкендија ја доби Дачија од Молдавија за противник во 1.коло во квалификациите во ЛЕ. Тим кој што мора да се респектира и тим кој што знаел во минатото да елиминира наши клубови, како Ренова на пример пред две години.
Сепак со оглед на останатите можни ривали, Дачија е тим кој што е полесен избор за Шкендија. Ако можеа тетовци лани да стигнат до плеј - офот во ЛЕ, тогаш се надеваме дека ќе можат и ова лето да ја елиминираат Дачија.
Првиот меч се игра во Молдавија на 29 јуни, додека реваншот е закажан една недела подоцна најверојатно во Струмица.



Датум: 19.06.2017, 13:23
Статијата е прочитана 2687 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense