| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.03.2017

Црна Гора се реваншираше

Пораз на македонската репрезентација до 18 години на вториот котролен натпревар против соодветната селекција на Црна Гора од 4:3.

Црна Гора макисмалано ги користеше грешките на нашата одбрана. И кога се чинеше дека по предноста од 0-4 лесно ќе стигне до победата, малку недостасуваше нашите репрезентативци да направат целосен резултатски пресврт. Првиот гол за Македонија го постигна Енис Фазлагиќ од пенал во 61. минута . Потоа следуваше евро голот на Диме Митровскиво 63. минута со полуволеј од 17. метри и погодокот на Кирил Ристовски со глава во 72. минута. Во финишот на средбата Митровски се најде очи во очи со противничкиот голман, но големата шанса остана без реализација.
Головите за гостинските фудбалери ги постигнаа: Вукотиќ Илија од пенал (1. минута) , Павле Крстовиќ ( 49. и 59. минута) и Алекса Мирушиќ (58. минута).



Датум: 09.03.2017, 14:10
Статијата е прочитана 1036 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense