| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.03.2017

ТРЕНЕВСКИ: Го „прочитавме“ противникот

Работнички го доби дерби дуелот со Пелистер, откако во Охрид го совлада со 1:0.
 

Виктор Треневски и неговите момци го добија дерби дуелот за третото место со Пелистер, откако во Охрид славеа со 1:0. Предводникот на „романтичарите“ вели дека биле максимално подготвени за сите ситуации, едноставно противникот бил „прочитан“.
„Добро го анализиравме противникот. Имаат две три варијанти во кои се координираат со тренерот, и се водат по „шифри“ што се вели. Тоа ние го знаевме и се подготвивме токму за тие ситуации. Го „прочитавме“ противникот во целост. Затоа мислам дека оваа победа е тотално заслужена. Во ниту еден момент противникот не ни се закани, ја контролиравме ситуацијата во целост. Заслужено освоени три бода“, изјави Треневски.



Датум: 13.03.2017, 15:28
Статијата е прочитана 1430 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense