| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.01.2017

Шкендија на „велосипеди“ до Скопје! (ФОТО)

Вчерашниот попладневен тренинг, место во Тетово, беше одработен во Скопје, каде во една сала се „билдаше“ километража со возење на статични велосипеди

Нов тренер и нови методи на работа во ФК Шкендија. Томас Брдариќ инсистира на максимална физичка подготовка, па така вчерашниот попладневен тренинг, место во Тетово, беше одработен во Скопје, каде во една сала се „билдаше“ километража со помош на возење на статични велосипеди. Инаку од клубот информираат дека поради лошите временски услови има промена во планот на подготовките. Охрид и дефинитивно отпадна, ќе се оди само во вторник навечер, за да во среда (18 јануари) се одигра закажаниот пријателски натпревар со Пелистер. На 21 јануари се оди во Анталија (Турција). Инаку сите се во очекување на новите имиња во редовите на нашиот вицешампион.



Датум: 14.01.2017, 15:02
Статијата е прочитана 4235 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense