| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.03.2017

(ЖИВО) Дербито се игра во Охрид, додека Вардар и Шкендија атакуваат на победи


Попладнево се играат натпреварите од 22. коло во елитната лига на Македонија

КРАЈ НА 22. КОЛО ВО ПМФЛ

ВАРДАР - БРЕГАЛНИЦА 2:0 (2:0)

88’ - ГОООЛ - Блажевски со глава од 6-7 метри погоди во противничката мрежа после центаршутот од десната страна на Хамбарџумјан.

81’ - Црвен картон за Сашо Ѓорески (Брегалница)

65’ - На другата страна Здравков се обиде да постигне гол, меѓутоа Гачевски одлично одбрани

65’ - Шут на Глигоров од 30 метри во долниот лев агол, одбрани Кобетиќ во корнер.

33’ - Каква пречка на Балотели, упати вистинска бомба кон голот на Брегланица, но пречката беше сојузник на гостите.

26’ - Голема шанса за Вардар. Одлично проигрување од слободен удар, топката стигна до Којашевиќ кој одкосо се обиде само во блокот, а одбиената топка стигна до Барсегјан кој што шутира, но од самата гол линија спаси Ранџеловиќ

21’ - Шут на Хамбарџумјан одкосо од десно, топката за малку крај десниот дирек од голот на Брегалница.

19’ - Голема шанса за Боарето кој излезе сам пред голот на Брегалница, шутираше, но Кобетиќ одбрани.

3’ - Прв обид и на Вардар преку Барсегјан кој се обиде од 25 метри прецизно, но Кобетиќ успеа да одбрани.

1’ - Бобан Ѓоргиев се најде во одлична шанса, но Гачевски го брани неговиот удар. Од корнер, Здравков го погоди дирекот.

 

ШКЕНДИЈА - ПОБЕДА 4:0 (1:0)

85’ ГОООЛ - Тодоровски му асистира на Жуниор кој од само два метри ја погодува празната мрежа.

76’ ГОООЛ - Контра на Шкендија, Меџедовиќ и Ибраими излегуваат сами, првиот асистира, вториот погодува.

71’ - Жуниор до Меџедовиќ, празен го, но интернационалецот не успеа да ја смести топката во мрежата.

53’ ГОООЛ - Вујчиќ од 20 метри шутира максимално прецизно во десниот агол.

40’ - Напад на гостите од Прилеп, Мустафов шутира од 25 метри, но за малку над голот на Шкендија.

27’ - Шанса за Победа, Крстевски со глава од десет метри шутира над голот.

18’ - По изведениот корнер, Жуниор шутира со глава во пречката на прилепчани.

16’ - Меџедовиќ излегува очи во очи со гостинскиот голман, но шансата оди во неврат.

2’ ГОООЛ - Ибраими од слободен удар ја погодува стативата, топката се доби до Меџедовиќ, кој со глава го погоди празниот гол.

 

 

ПЕЛИСТЕР - РАБОТНИЧКИ 0:1 (0:0)

61’ ГОООЛ - Вистински еврогол на Елиф Елмаз од 16 метри за водство на Работнички.

19’ - КАКВА ПРЕЧКА: Душко Трајчевски од 25 метри ја погоди гредата.

 

 

ШКУПИ - РЕНОВА 3:2 (2:0)

70’ ГОООЛ - Лошо расчистена топката од одбраната на Ренова, дојде до Јасир Асани кој од десет метри биеше неодбранливо во голот на Ренова.

55’ ГОООЛ - Нов гол на Чаир, Јасир Асани продре од десно биеше силно, голманот одбрани, но одбиената топката до Исени кој од пет метри ја смести топката во празната мрежа.

43’ ГОООЛ - Гафури изведе слободен удар од левата страна, нафрли на вториот дирек, Нафиу со глава спушти на петерецот до Јусуфи кој имаше време да ја прими топката и да ја испраи до голот.

38’ ГОООЛ - Јасир Асана го даде првиот гол во дресот на Шкупи. Од пет-шест метри со нога погоди по нафрлувањето на Бајрами

31’ ГОООЛ - Ренова поведува на Чаир, Садики шутира од 30 метри топката се закачи во главата на некои на стоперите на Шкупи, малку го смени правецот и заврши во голот на Шкупи.

 

СИЛЕКС - МАКЕДОНИЈА ЃП 4:2 (1:0)

90’ ГОООЛ - Аломеровиќ го постигна вториот гол за Македонија ЃП

75’ ГОООЛ - Аломеровиќ намалува на 4:1

74’ ГОООЛ - Кристијан Филиповски зголемува на 4-0.

67’ ГОООЛ - Нафрлена топката од корнер, Каланоски тресе за 3:0

 47’ ГОООЛ  - Недељковиќ од белата точка го зголемува водството на 2:0.

23’ ГОООЛ -  Нафрлување од корнер, Танушев од прва статива со глава ја сместува топката во мрежата на Македонија.

4’ - Голема шанса за кратовци, Ацески од 10 метри шутираше право во голманот на „лавовите“.

 

Пелистер и Работнички во Охрид во дербито на колото ја бијат битката за третото место. Вардар и Шкендија на свој терен посакуваат победи против Брегалница и Победа. Неизвесно се очекува да биде на Чаир каде Шкупи ја дочекува Ренова а Силекс во Кратово оди на три бода против „лавовите“.
„Македонски спорт“ и овој пат ќе врши во живо текстуален пренос од сите пет мечеви.


 



Датум: 12.03.2017, 13:22
Статијата е прочитана 1472 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense