| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.12.2017

Вардар пред Реал Мадрид во одиграни натпревари

Вардарци во оваа сезона до сега настапија на 33 официјални натпревари. Тоа е четири меча повеќе и од европскиот првак Реал Мадрид кој што играше и Супер-Куп на Европа, и се бореше за светската титула

Можеби за некого е изненадување тоа што Вардар има толку негатива од првото место во оваа полусезона. Меѓутоа треба да се има во предвид еден податок, а тој е дека скопските „црвено-црни“ се апсолутни рекордери по одиграни натпревари во изминатите четири и пол месеци во Македонија. Момците на Чедомир Јаневски и на Гоце Седлоски одиграле, верувале или не, 33 натпревари за само една полусезона. Дури повеќе и од Реал Мадрид кој што има четири помалку до сега, иако полусезоната во Шпанија не е завршена. Реал Мадрид кој што е актуелен европски првак кој што играше Супер-Купот на Европа, а пред неколку дена се бореше за освојување на светската титула, и успеа да се закити и со ова одличје. Реал Мадрид играше и во Лигата на шампионите, играше и во Купот на Шпанија и во Примера, но одигра само 29 меча, или четири помалку од Вардар.
„Црвено-црните“ се на третото место во Европа по бројот на одиграни натпревари оваа есен, односно оваа полусезона, а како тргнала работата, се натпреваруваат и во Купот и во првенството, ќе може да го „поправат“ тој впечаток, затоа што до крајот на сезоната ќе имаат минимум уште 20 меча (18 во првенството, и минимум два во Купот, ако не и повеќе), и во „најдобар“ случај, Вардаровите играчи може да соберат 54 меча во една сезона, што е рекорд до сега во нашата земја. 

РЕКОРДОТ ВО ЕВРОПА ЗА ЛУДОГОРЕЦ

Вардар е трет тим во Европа со најмногу одиграни натпревари во последните четири и пол месеци, односно од август па наваму. Со бројката 33 е на листата позади два тима и тоа од Балканот.
Прв на оваа листа е бугарскиот тим Лудогорец. Првакот на Бугарија има неверојатни 36 меча до сега, односно и тие играа во квалификациите за ЛШ, каде што испаднаа и настапија потоа во групната фаза од Лигата на Европа и во Купот на Бугарија и во првенството на оваа земја. Тимот одигра и еден меч и во Супер-Купот на источниот сосед.
Втор на оваа листа е Риека. Хрватите имаат одиграно за една полусезона 35 меча, или два повеќе од Вардар. Потоа на листата следуваат „црвено-црните“ кои што до сега одиграа 33 меча, од кои 12 се во Европа, три во Купот на Македонија и дури неверојатно 18 во домашниот шампионат. Тоа е бројка која што е за почит, и апсолутен рекорд во нашата земја.

ЖЕСТОКОТО ТЕМПО ЈА „ИЗЕДЕ“ ТИТУЛАТА

Можеби Вардар го направи најголемиот успех во Европа оваа есен, но затоа, пак, „титулата“ е се подалеку од „црвено-црните“ во оваа сезона. Едноставно ова жестоко темпо и натпревар на секој трет ден ја „изеде“ титулата за Вардар во оваа сезона. Иако има шанси, сепак, осум бода предност е многу. Меѓутоа играта и настапите на „црвено-црните“ во финишот на оваа есен дава надеж дека ќе може да го стигнат и престигнат својот ривал во пролетниот дел од сезоната. На Вардарци им треба сега еден „мал“ ремонт во зимскиот преоден рок, за да повторно бидат конкуренти. Едно е сигурно, дека ќе следиме интересен пролетен дел со оглед на фактот дека покрај во првенството, овие два ривали ќе водат битка и во Купот на Македонија.



Датум: 20.12.2017, 13:46
Статијата е прочитана 832 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense