| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.03.2017

Памет во глава - победа и ништо друго!

Немој да не сте победиле! Да не сте размислиле на такво нешто. Сите вие кои сте избрани и кои заминавте во Вадуц. Памет во глава и само победа признаваме вечерва во Лихтенштајн.

Македонската фудбалска репрезентација е во тежок нокдаун. Рејтинг кој се коси со невозможното и со неверојатното. Пласман од кој сите се срамиме а верувам дека и Вие, почитувани наши фудбалски репрезентативци и стручен штаб. Вие сте нашите фудбалски амбасадори и избраните да го водат и играат за овој национален тим. Вие треба сега да докажете дека нема да ни се случи нова хаварија и нов срам од селекција која во светскиот фудбал важи како топовска храна. Лихтенштајн ви се молам. Па ние ваквите ги мачкавме на леб во минатото! Да, да... но во минатото. Тие неповторливи 1:11!И што сега!? Ете да ве потсетам малку. Имате најслаб рејтинг, најслаб старт во едни квалификации, четири порази во низа и не знаеме кога последен пат сме славеле на гости на квалификациски меч. Еве ви слика и прилика. Немој да не сте победиле! Да не сте размислиле на такво нешто. Сите вие кои сте избрани и кои заминавте во Вадуц. Памет во глава и само победа признаваме вечерва во Лихтенштајн.Тоа е ваша обврска и цел. Така како што играте за клубовите да играте и сега, вечерва и за Македонија. Доста ни се порази и скапани серии на дебакли. Не дека со победа над овие аматери ќе направите нешто екстра туку со тоа ќе си купите мир. Никој нема да ви се смее, да ни се смее и да бидеме пример за антифудбалска нација. Треба работите да се вратат на она место на кое некогаш бевме, а сега сме многу далеку и далеку. Леле само ако не победите...
Помина времето на алиби за сите!



Датум: 24.03.2017, 15:06
Статијата е прочитана 921 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense