| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.12.2017

Чурлинов: Да ја израдуваме Македонија со уште едно ЕП

Одлично е што играме на домашен терен. Македонија покажа квалитет, тоа ќе треба да го докажеме и овојпат. Противниците се силни но тоа е само мотив за нас

Дарко Чулинов е еден од водачите на нашата репрезентација до 19. години. А таа денеска ги доби противниците за елитната рунда квалификации. Тоа се Англија, Унгарија и Летонија. Што може да очекуваме од овој турнир? Трите победи во Скопје против Швајцарија, Белгија и Лихтенштајн од овие момци направија херои, а сега е време за уште еден подвиг.
Ждрепката нѝ донесе силни противници. Ние сме исклучително мотивирани, ќе дадеме максимум. Кога ќе се погледнат противниците се знае кој прв паѓа во очи, а тоа секако е актуелниот европски шампион Англија, селекцијата која е мотив самата по себе. Против двете преостанати селекции, Унгарија и Летонија, мора да покажеме победнички менталитет. Тоа што играме во Скопје за нас е голем плус. Домашен терен, домашна публика многу ќе ни значи“ - вели Чурлинов за Македонски Спорт.

Се надевам дека ќе нè служи здравје во следнито период и ќе бидеме максимално подготвени за овој турнир. Нема да биде лесно, но ние покажавме дека и кога не играме добро знаеме да се вратиме и да освоиме бодови. Тоа покажува дека покрај квалитет имаме и карактер како тим, како целина. Така ќе биде и на овие елитни квалификации. Нема преценување ниту пак потценување на ниту еден противник, одиме максимално на секој меч. Одиме да ја израдуваме Македонија уште еднаш и да и подариме ново европско првенство овојпат до 19. години“ - додава младиот играч.


 



Датум: 06.12.2017, 16:18
Статијата е прочитана 760 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense