| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.12.2017

Илиев и Кадриу завршија со Работнички

Двајцата крилни играчи спогодбено ги разкинаа договорите и си заминуваат од Дебар маало.

Томислав Илиев и Флориан Кадриу повеќе не се дел од тимот на Работнички. И обајцата го раскинаа важечкиот договор и ќе си ја побараат среќата на некое друго место. Илиев и Кадриу беа доведени минатото лето, и по само шест месеци си заминуваат од Работнички.
„Точно е дека заминувам од Работнички. Спогодбено го раскинавме договорот, и сега сум слободен да заминам во друг клуб. Му благодарам на клубот за укажаната шанса и му посакувам се најдобро во иднина„ - вели Томислав Илиев за Македонски Спорт.

 


 



Датум: 14.12.2017, 15:47
Статијата е прочитана 2781 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense