| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.06.2017

Против Србија со високо кренати глави!

Селекторот на младата репрезентација, Боби Милевски вели дека нашите момци влегуваат со високо кренати глави во утрешниот меч против Србија

„Се грижиме за нашата игра, не за противникот, иако знаеме дека имаат фудбалери кои настапуваат во најдобрите првенства во Англија,  Италија и Германија. По поразот од Шпанија им реков на фудбалерите да ги  држат главите високо. Ќе продолжиме да го негуваме тимскиот дух. Фудбалерите мора да продолжат да веруваат во своите квалитети и да уживаат во натпреварите. Слично, како што беше на првиот натпревар, иако горчината ја носи високиот резултат“, вели Милевски.
Играчот на врска на нашата репрезентација, Бобан Николов вели дека мечот со северните соседи е клучен на првенството.
„Утрешниот е можеби клучен натпревар за нас. Знаеме дека не очекува исклучително тежок натпревар, но се навикнавме на тоа. Утре одиме на сите три бода, ќе се надигруваме со Светските шампиони до 20 години, балканско дерби, се надевам дека ќе бидеме на нивото од првиот дуел, а резултатот ќе биде во наша корист“, изјави Николов



Датум: 19.06.2017, 20:06
Статијата е прочитана 1844 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense