| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.07.2017

Победа ја совлада Ренова на првиот „тест“

Два гола беа дело на Дејан Цветаноски

Екипата на Победа славеше против Ренова со 3:1 во натпревар што за двете екипи беше прва контрола во подготвителниот период. Прилепчани триумфот го заслужија со многу подобра игра во првото полувреме кога целосно доминираа на теренот и постигнаа дури три гола во првиот дел. Резултатот го отвори Бурхан Мустафов, а потоа Дејан Цветаноски до два гола до паузата практично го реши победникот. Во вториот дел и двете екипи направија голем број замени што резултираа со пад во играта на Победа, а тоа, пак им овозможи на тетовци да го постигнат почесниот гол преку Емран Рамадани, но не и да го избегнат поразот.



Датум: 09.07.2017, 20:12
Статијата е прочитана 3116 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense