| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.10.2017

Нема „катанаџо“, Вентура во напад со „тројца“

*Инсиње, Имобиле и Верди е „триото“ на Италија кое треба да ја полни мрежата на Македонија утре во Торино. Буфон останува на голот

Џанпјетро Вентура нема што да тактизира, анализира и полемизира. Тој и неговата селекција утре ја пречекуваат Македонија во Торино. Еден од „тестовите“ за популарните „аѕури“ кои доколку сакаат да одат на СП во Русија ќе треба во ноември да бидат успешни ма бараж дуелите.
А Македонија е една од селекциите против кои нема да важи популарната тактика „катанаџо“. Дека тоа е така говорат и медуимите од оваа земја кои најавуваат формација 3-4-3 со триото Инсиње, Имобиле и Верди во нападот.
Во средниот ред селекторот Вентура ги планира Дармиан, Гаглиардини, Пароло и Запакоста. Трите столбови на одбраната се за Киелини, Барѕаљи и Бонучи додека на голот е легендарниот Џиџи Буфон. Со овој тим Италија утре од 20:45 во Торино оди на сигурни три бода во квалификацискиот дуел со Македонија.



Датум: 05.10.2017, 15:15
Статијата е прочитана 369 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense