| контакт | маркетинг
КОШАРКА

08.11.2017

„Галебите“ никако да полетаат

И петтиот пораз на АВ Охрид во втората АБА лига е со 20 или повеќе поени разлика, овојпат загубија од Рогашка со 56:78, и се потврди дека многу тешко оти „галебите“ ќе може да обезбедат опстанок во ова друштво во кое влетаа недоволно подготвени.

Првата и третата четвртина завршија со идентични 13-20, што беше доволно за втора победа на Рогашка во оваа лига.
По првото полувреме, АВ Охрид беше во негатива од само два поени, и тоа беше резултат кој даваше оптимизам дека може да стигнат до првата победа во регионалната лига. Ангажирањето на центар Емир Зимиќ се покажа како добар потег, бидејќи тој беше прв стрелец и најзаслужен што македонскиот тим имаше повеќе скокови. Охриѓани се доближија и на 50-57 на стартот на последниот период, но заканата беше одбиена со 12 поени по ред на гостите, и со тоа, на пет минути до крајот, дефинитивно беше скршен отпорот на македонскиот тим.
Зимиќ со 15 и Цонков со 10 поени, беа единствените со двоцифрен број на поени кај Охрид, кој во целото второ полувреме даде само 21 поен и ја прикажа својата најнеефикасна игра сезонава.
Шестиот меч за АВ Охрид во оваа лига е на 15 ноември во Белград против Динамик, па предвидливо е дека после шест рунди, скорот на македонскиот тим ќе биде 0-6.



Датум: 08.11.2017, 18:54
Статијата е прочитана 270 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense