| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.02.2017

Барди: Ќе паузирам околу еден месец

Одличниот играч од средината на теренот поради повреда на половината ќе мора да одмара во наредните недели

Младинскиот репрезентативец Енис Барди ќе мора да паузира околу еден месец. Проблем му претставува нервот во половината. Деталните прегледи кои Барди ги направи во Белгија велат дека повредата е специфична, но за среќа не е неопходна операција.

„Барем тоа е добро во целава ситуација. Направив детални прегледи во Белгија. Се работи за рекација на нерв во половината кој повлекува болки дури во задната ложа. Навистина незгодно и во најнезгоден момент, но, што да правам. Добро е што не мора да правам операција. Паузата е максимум месец дена, и во следниот период мора најпрво мирување, а потоа лесни тренинзи и работа со топка. Ќе издржам нема друго“ вели Барди за „Македонски Спорт“.

Со оваа ситуација станува јасно дека Енис Барди е во „аут“ за пролетните пријателски средби за младата репрезентација, како и за квалификациските средби на сениорската. Голем проблем, и за Ангеловски и за Милевски двајцата селектори кои сериозно сметаат на одличниот играч за врска кој е во одлична форма изминатиот период.

Тоа дополнително значи дека Барди можно е да замине на Европското во Полска без репрезентативен меч, односно без пријателска средба, евентуално доколку пред самиот шампионат не одиграме некоја средба во јуни.



Датум: 28.02.2017, 13:44
Статијата е прочитана 744 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense