| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.06.2017

На мечот со Шпанија, македонското знаме на цела трибина

На јужната трибина ќе има картони, и со нивно кревање ќе се формира македонското знаме

На натпреварот Македонија - Шпанија на 11. јуни (недела) во 20:45 часот на секое седиште на јужната трибина ќе бидат поставени картони во црвена и во жолта боја. За време на интонирањето на химната на Македонија и пред второто полувреме, со кревање на картоните, гледачите од блоковите 2, 3, 4 и 5 на јужната трибина на Националната арена ќе го формираат знамето на Македонија.

Во недела, на 11. јуни во 20:45 да ја бодриме Македонија во дуелот со силната Шпанија.

Влезниците во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на mktickets, официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall и на билетарата на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.



Датум: 07.06.2017, 14:37
Статијата е прочитана 3389 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense