| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.07.2017

Треневски: Одиме во следната рунда

Стратегот на Работнички на пресот исто како и капитенот Трајчевски, смета дека неговиот тим ќе го победи Тре Пене и ќе ја оправда улогата на фаворит


Работнички утре на теренот на ФФМ со почеток од 17:30 часот ќе го дочека Тре Пене од Сан Марино во реванш мечот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа.
По повод тој натпревар предмалку „романтичарите“ одржаа прес на кој присуствуваа тренерот Виктор Треневски, капитенот Душко Трајчевски и генералниот секретар Ненад Монев.
„Ние сме фаворити, таму победивме со 1:0, нема да биде лесно, видовте како Глазгов беше елиминиран. Гостите од Сан Марино нема да дојдат како туристи и ќе ја чекаат својата шанса. Сепак апсолутно сум убеден дека Работнички ќе оди натаму и посакувам се да биде решено уште во првото полувреме. Во однос на нашиот состав ќе има  мали промени, но кој и да добие шанса ќе мора да го даде максимумот“ изјава Треневски.
Капитенот Трајчевски пак посочи...
„Се виде и на првиот меч дека екипата од Сан Марино сака да игра фудбал. Но ние доминиравме, но ете успеавме да постигнеме само еден гол. Тука сакаме да притиснеме уште од првата минута и со наша агресивна игра порано постигнеме гол. Се надевам дека ќе успееме во тоа“.

 



Датум: 05.07.2017, 12:18
Статијата е прочитана 866 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense