| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.04.2017

Ристовски и Жута на чекор до титулата


Риека за која настапуваат македонските интернационалци, Стефан Ристовски и Леонард Жута го победи Осиек на домашен терен со 2:0, со што направи огромен чекор кон обезбедувањето на титулата во хрватското првенство.

Тимот на Ристовски и на Жута, добија огромна помош и од Славен Белупо, кој го совлада Динамо со 2:1, по што на шест кола до крајот, Риека има дури осум бодови предност. И двајцата македонски репрезентативци ги одиграа сите 90 минути во овој значен триумф на риечаните.
Од почетокот на средбата, но во дресот на Осиек настапи и Музафер Ејупи, но тој ја напушти играта поради вториот жолт, а со тоа и црвен картон, добиен во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.

ИВАНОВСКИ ГИ ПРОПУШТИ „МОДРИТЕ“
Повремениот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски, не беше дел од тимот на Славен во големиот триумф против Динамо, затоа што мораше да го пропушти тој дуел поради суспензија.



Датум: 26.04.2017, 11:07
Статијата е прочитана 610 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense