| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.03.2017

Победа го тушираше шампионот

Голем триумф на прилепчани во Охрид со 2:1. Вардар поведе, но Цветаноски со двата гола донесе сензација

Победа во дербито со 2:1 го совлада Вардар и му го нанесе вториот пораз во шампионатот. Во тврд натпревар, полн со прекини и шанси на двете страни, прилепчани го победија Вардар во Охрид каде што се играше дербито и освоја големи три бода во битката за опстанок. Шампионот поведе со голот Грнчаров, но следуваа два гола на Цветаноски за голема радост.
Пелистер со многу напор успеа да освои големи, многу значајни три бода во Ѓорче. Јонузи и донесе водство на Македонија ЃП за да бразилците Лукас и Силва стрелаа за конечни 2:1 за „зелените“.

Кикс и Шкендија која пак на свој терен не успеа да постигне макар еден гол против жилавиот тим на Шкупи. Бадијала доминацијата и шансите на домашниот тим кога голманот на Чаирчани Суад Зендели беше несовладлив.
Бурно реми, полно со пресврти се одигра во Штип. Прво Кратовци водеа, па „сините“, па одново Силекс за да на крајот беше 3:3. Вреди да се одбележи прекрасниот гол на Бобан Георгиев со ножички за 1:1.


РЕЗУЛТАТИ
ПОБЕДА - ВАРДАР 2:1
ШКЕНДИЈА - ШКУПИ 0:0
БРЕГАЛНИЦА - СИЛЕКС 3:3
МАКЕДОНИЈА ЃП - ПЕЛИСТЕР 1:2
РАБОТНИЧКИ - НОВАЦИ 0:0

ТАБЕЛА
1. Вардар 47 бодови, 2. Шкендија 41, 3. Пелистер 36, 4. Работнички 33, 5. Ренова 28, 6. Силекс 28, 7. Победа 19, 8. Шкупи 18, 9. Македонија ЃП 16, 10. Брегалница 12.

 



Датум: 05.03.2017, 16:07
Статијата е прочитана 4916 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense