| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.11.2017

Јовановски си замина од Пелистер

Првиот голман на битолчани повеќе не е дел од Пелистер, доби спогодбен раскин на договор

Марко Јовановски си замина од Пелистер. Првиот голман на битолчани есенва, повеќе не е дел од клубот, доби спогодбен раскин на договорот.
„Да, завршив со Пелистер, си ги земав документите и сега сум слободен играч. Му посакувам се најдобро на клубот во иднина, а јас најпрво ќе се одморам па потоа ќе ги разгледам опциите кои ќе ми бидат на располагање“ - изјави Јовановски за Македонски Спорт.
Пелистер до крајот на есенскиот дел од сезоната игра уште два меча против Шкупи на домашен терен односно Шкендија во Тетово, а веќе неколку меча на голот е Илче Петровски.



Датум: 24.11.2017, 11:53
Статијата е прочитана 4048 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense