| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.01.2017

Дали ова е најсилната Шкендија досега? (ФОТО)

Стратегот Томас Брдариќ навистина ќе има големи, но слатки главоболки. Тој има на располагање по двајца екстра играчи за секое место во тимот. Шкендија со ова што сега го располага, а може да биде уште посилна ако се остварат најавите за уште засилувања, слободно може да го нападне Вардар во битката за шампионската титула

Ако може да се оценува новиот менаџерско-директорски двоец на Шкендија Еди Сејдиу - Малсор Џонбалај се чини дека тој оваа зима добро си ја заврши работата. Секако дека до крајот на зимскиот преоден рок има уште многу, но факт е дека тие, се разбира заедно со претседателот на клубот Абдулменаф Беџети и семејството Дестани, прво го донесоа Томас Брдариќ за нов тренер, позната фудбалска „фаца“. Потоа донесоа тројца искусни и квалитетни играчи, мислиме на Челиковиќ, Меџедовиќ и Чолак. И што е најважно успеаја да ги задржат Ферхан Буба Хасани, Бесарт Ибраими, Арменд Алими, а со искусниот десен бек Благоја Тодоровски ја продолжија соработката. Со ова тие на Брдариќ му овозможија навистина одличен тим, екстра квалитетен за наши услови, којзнае, можеби и најдобриот тим на Шкендија во нејзината историја. Така барем велат во самиот клуб, но и така се коментира меѓу навивачите. И ако веќе е така, тогаш нема дилеми, тогаш Брдариќ заедно со овој тим на Шкендија ќе мораат сега конечно да го нападнат Вардар во битката за титулата и тој посакуван пехар, по вторпат по 2011, да го донесат во клупските витрини во Тетово.
Нема веќе оправдување, Шкендија има моќен состав, и уште ако се засили со уште едно до две имиња, такви се барем најавите, тогаш овој состав ќе биде уште посилен и ќе мора да ја освои таа шампионска титула. 

Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“



Датум: 23.01.2017, 10:45
Статијата е прочитана 6543 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense