| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.02.2017

Шампионот повторно без Балотели

Џонатан Балотели нема да биде на располагање кај Вардар на дербито со Шкендија.

Тоа значи дека одново Тигран Барсегјан ќе добие шанса во „шпицот“ на шампионот во отсуство на Бразилецот кој што доби повреда во Анталија, и само што ја излечи, повторно се повреди за време на подготовките на својот тим. Исто така многу веројатно е дека Вардар нема да смета ниту на репрезентативецот Стефан Спировски кој што ги пропушти речиси пола подготовки поради повреда на препоните.
Кај Шкендија, пак, поради повреди ќе им биде ослабен средниот ред. Така Томас Брдариќ нема да смета на услугите на Штефан Вујчиќ и на Арменд Алими.



Датум: 23.02.2017, 10:39
Статијата е прочитана 630 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense