| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.08.2017

Штипскиот супер талент Николов пред потпис со Милан

Младиот 14 годишен фудбалер е пред трансфер во гигантот од Италија

Денеска од  Скопје за Италија , одлета  14 годишниот капитен на македонската репрезентација Иван Николов. Тој треба да потпише за гигантот Милан. Младиот репрезентативец и  досега беше „мета“ на повеќе странски клубови   од  Грција  и Холандија. Дознаваме дека  сега Иван Николов добил  покана и авионски  карти од „росонерите“ каде  треба  да потпише договор. Тој замина во Италија со  својот  менаџер. Инаку, Иван Николов, како капитен на репрезентацијата  до 15 години,  ги потврди своите вредности,како играч за врска, но знаеше и да  постигнува голови. Тој  е ученик  и во Фудбалската академија на ФФМ. Непознато  е дали Николов  ќе го  прекине школувањето  во Академијата и ќе продолжи  да тренира во Милано, ако  го стави потписот за овој клуб.

 



Датум: 21.08.2017, 13:49
Статијата е прочитана 4721 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense