| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.03.2017

Бомби под „Тумбе Кафе“ во Битола!

Пронајдени се околу 50-тина бомби кои датираат уште од Првата светска војна пред околу 100 години

Денеска, во Битола при изградбата на Северната трибина беа пронајдени околу 50-тина неексплодирани експлозивна направи или бомби. Имено, градежните работници кои се ангажирани околу стадионот ги пронашле, а потоа дошла специјална екипа и успеала да ги извади бомбите и да ги постави на безбедно место.

Ова го јави локалната битолска ТВ Мега која објави и специјален прилог по повод овој случај. Навистина шокантно откритие ако се знае дека овие бомби потекнуваат од Првата светска војна, значи од пред околу 100 години. Интересно е тоа што стадионот во Битола е изграден во 1937 година, а реконструран во 1980 година. И во првиот случај и во вториот никој не ги пронашол тие бомби. А од тогаш па наваму одиграни се илјадници натпревари, илјадници гледачи имало и можеме само да претпоставуваме каква трагедија била избегната.

 


 



Датум: 16.03.2017, 18:34
Статијата е прочитана 1811 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense