| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.09.2017

Дејан Станковиќ, гостин на Скопје - Вардар

Прославеното фудбалско име од Србија, е во нашиот главен град по повод инспекција на фудбалските Академии

Поранешниот фудбалер на Лацио и Интер и на репрезентацијата на Србија, Дејан Станковиќ е во Скопје и денеска ќе биде на трибините на стадионот „Железарница“ каде што ќе го проследи натпреварот помеѓу Скопје и шампионот Вардар.

Станковиќ во нашиот главен град е во инспекции на фубалските академии на ФФМ. Тој е главен на фудбалските академии во цела Европа. Ќе го гледа натпреварот помеѓу академијата на ФФМ и Работнички, генерација 2003 година.

Потоа ќе се упати кон Железарница и ќе го проследи натпреварот помеѓу Скопје и Вардар кој што се игра денеска во 15:30 часот.



Датум: 17.09.2017, 12:03
Статијата е прочитана 3338 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense