| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.06.2017

Бaже пред трансфер-дилема

Може ли само по шест месеци престој во Битола, Баже Илијоски да си замине од Пелистер?

На Илијоски деновиве му истече шестмесечниот договор со „зелените“  и тој е пред трансфер-дилема. Дали да остане или, пак, да си замине во некој друг клуб. Секако дека предизвикот наречен настап во Европа во дресот на Пелистер е голем, но тука, секако, играат улога и некои други предизвици.
Баже Илијоски, со последниот гол во пенал-серијата во финалето на Купот на Македонија, му го донесе драгоцениот пехар на Пелистер по цели 16 години, и со тоа стана херој на „чкембарите“. Во  пролетниот дел од сезоната што измина, тој постигна осум гола за Пелистер, беше еден од најдобрите фудбалери. Но сега е време за одлуки и за тоа што и како во следниот период. И за самиот Илијоски, но и за Пелистер.



Датум: 06.06.2017, 10:29
Статијата е прочитана 6141 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense