| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

Фудбалска година за заборав

Последно место во квалификациите, откажувањето на Пандев, нов европски неуспех, Вардар шампион во последното коло...

Годината 2013 е веќе зад нас. Ги испративме 12-те месеци кои за македонскиот фудбал не значеа ништо посебно, не донесоа апсолутно никакво помрднување од „мртвата точка“. Напротив, донесоа многу лоши моменти и 2013 година нема да ја паметиме по ништо добро што се случуваше во целокупниот македонски фудбал. Затоа треба што побрзо да се заборави и да се паметат само малкуте добри моменти кои се случија и она што е најважно, да се обидеме да се подобриме во годините кои доаѓаат. Да се сопре оваа депресија во која се навлезени како националниот тим така и клубовите, фудбалерите и сите оние кои се инволвирани во најдобрата споредна работа на светот.  

ПАНДЕВ СТАВИ ТОЧКА ВО НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ

Нешто што прво треба да се одбележи е, секако, останувањето на македонскиот национален тим без еден од најдобрите наши фудбалери на сите времиња Горан Пандев. Капитенот на нашата селекција на 29 години се одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера. Причините се многу, а пред сe семејството, напорниот живот, како и непрофесионалниот однос на ФФМ кон него. Пандев во интервју за нашиот весник ја најави својата „пензија“, а потоа само ја потврди. Иако има некои најави дека ќе биде убедуван да се врати во националниот тим, сепак, засега Пандев цврсто стои на ставот. Дефинитивно македонската репрезентацијата останува ослабена и без еден од своите најдобри. Исто така, пред откажување од националниот тим е и Горан Попов...

Целиот текст е достапен во печатеното и електронското издание на „Македонски спорт“



Датум: 02.01.2014, 11:14
Статијата е прочитана 3756 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense