| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.12.2017

Вардар ги ослободи Џигаури и Итало

Грузиецот и Бразилецот повеќе не се дел од македонскиот шампион

Џамбул Џигаури и Итало Хозе Оливеира Дос Сантос не се повеќе дел од Вардар. На двајцата сега веќе поранешни фудбалери на „црвено-црните“ им истекоа договорите по завршувањето на есенскиот дел, и Фудбалскиот клуб Вардар нема да ја продолжи соработката со нив.
Џигаури дојде меѓу „црвено-црните“ во минатиот зимски преоден рок, и по една година мината во нашиот тим и после 40 настапи во дресот на Вардар, ќе може да бара нов ангажман. Грузиецот во „црвено-црниот“ дрес запиша и пет голови, од кои четири во првенството, и еден во Лигата на Европа кога погоди против Фенербахче на натпреварот во Истанбул.

Итало, пак, кон крајот на август се приклучи на Вардаровата екипа, и настапи сезонава на 17 меча во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола, три во првенството, и во Европа против Розенборг на домашен терен во „ремито“ 1:1.



Датум: 20.12.2017, 14:21
Статијата е прочитана 2149 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense