| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.08.2017

Вардар се засили со Марковиќ

Вардар доби ново засилување во средниот ред, откако потпиша двегодишен договор со српскиот интернационалец Вања Марковиќ

Марковиќ доаѓа од полскиот тим Корона Келце, и го засилува средниот ред на шампионот.
„Уште пред да дојдам знаев дека Вардар е голем клуб и дека во последните пет години, четири пати ја освои шампионската титула. Тимот редовно во квалификациите за Лигата на шампионите, и ова за мене беше понуда која не се одбива. Клубот има голема историја, и можам да кажам дека на Балканот е еден од најголемите клубови“, изјави Марковиќ.
Марковиќ во новиот клуб очекува успех и добри во Лигата на Европа, а во шампионатот одбрана на шампионската титула.
„Пласманот во групите од Лигата на Европа е голем успех за клубот и за самата држава, но верувам дека и таму Вардар ќе се претстави во добро светло. Со победите над Фенербахче видовме дека ништо не е невозможно. Ја следев екипата на тие два натпревари и видов дека Вардар е одлична екипа која има одлични играчи во своите редови“, вели Марковиќ.

 



Датум: 28.08.2017, 13:29
Статијата е прочитана 2097 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense