| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.05.2017

Миовски „киднапиран“ - замина во Осијек!

Младиот репрезентативец е пред трансфер во клубот од Хрватска

 
Веднаш, по  средбата со прилепска Победа во Штип, младиот 17-годишен фудбалер на Брегалница, Бојан  Миовски, со возило заминал во Осијек. Во Штип се шпекулира дека Миовски, кој на средбата со Победа го постигна и единствениот гол за Брегалница, бил „киднапиран“. Тој цела недела не е во Штип.
Од канцеларијата на Брегалница велат дека не се работи за киднапирање, туку заминувањето во Осијек е со знаење на клубот. Според информациите од Брегалница, Миовски  се наоѓа на проба во Осијек. Во текот на денот се очекува Миовски да се врати во Штип и да игра во недела против Шкупи.

Доколку Миовски замине од Брегалница, мора да добие согласност од клубот. Осијек ќе мора да плати обештетување. Дали ќе има трансфер на Миовски во Осиек ќе се знае деновиве.



Датум: 19.05.2017, 13:40
Статијата е прочитана 6399 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense